Казнети 119 возачи во Скопје, од кои 59 за брзо возење

пред 3 години

Полицијата во Скопје вчера казни 119 возачи од кои 59 за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59, 10 санкции за возење без возачка дозвола, 13 за возење под дејство на алкохол, пет санкции за нерегистрирани возила“, велат од МВР.

Од таму најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Share
Scroll to Top