Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, од кои 20 за управување со брзина поголема од дозволената, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 18 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 12 санкции за управување под дејство на алкохол, 10 за користење на мобилен телефон, 6 за непрописно престигнување и обиколување и 8 мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.