Полицијата вчера казни 236 возачи во Скопје, од кои 35 за брзо возење, 31 за некористење сигурносен појас.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Во Скопје изречени се вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35, 12 санкции за возење без возачка дозвола, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, а изречени се 15 санкции за користење мобилен телефон.
Казнет е 41 пешак, а напишани се и 45 казни за непрописно паркирани возила.