Казнети 607 лица за неносење маска

пред 4 години

Полицијата за еден ден казнила 607 лица за неносење заштитни маска.

МВР соопшти дека во текот на изминатото деноноќие (17/18.12.2020 година) на територијата на цела држава, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 607 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.

Share
Scroll to Top