Казнети 65 возачи за брзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово

пред 3 години

Полицијата вчера казни 65 возачи за брзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово.

„Во текот на вчерашниот ден, мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Гевгелија – Куманово, при што казнети се 65 возачи за брзо возење. Од нив, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното“, соопшти МВР.

Од таму најавија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Share
Scroll to Top