137 возачи во Скопје биле казнети поради непочитување на сообраќајните правила на територијата на град Скопје. Меѓу нив за возење над дозволената брзина казнети биле 49 возачи, седум биле санкционирани за возење без возачка дозвола, 10 за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени биле и 18 санкции за непрописно престројување на возила, пет за користење мобилен телефон, три за некористење сигурносен појас и осум санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, велaт од МВР. Од таму апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.