Казни за 144 возачи во Скопје, 33 возеле над дозволеното

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје биле изречени вкупно 144 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 33, 13 казни за возење без возачка дозвола, 21 мерка за технички неисправни и нерегистрирани возила, 35 за непрописно паркирање.

МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.

Share
Scroll to Top