Казни за 159 возачи во Скопје, 54 за брзо возење

пред 2 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 159 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, 11 мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, 54 за непрописно паркирање…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Share
Scroll to Top