Казни за 202 возачи за брзо возење

пред 2 години

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што биле санкционирани 202 возачи.

Од нив 13 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 72 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 130 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Share
Scroll to Top