Казни за 229 возачи во Скопје, 75 за недавање предност на пешаци

пред 3 години

Вчера на територија на град Скопје биле изречени вкупно 229 казни, меѓу кои за недавање првенство на минување на пешаци 75, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени биле и три санкции за зборување на мобилен телефон, две мерки за неносење на сигурносен појас.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.

Share
Scroll to Top