Казни за 615 лица кои шетале без маска

пред 4 години

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 615 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Во текот на вчерашниот ден потврдени беа нови 177 заразени со коронавирус. Со тоа, досега во Македонија заболеле 21.113 лица од почетокот на пандемијата. Бројката на оздравени пациенти е 16.301, на починати е 797. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.015.

Share
Scroll to Top