Казни за 63 возачи, на територија на Куманово возеле над дозволената брзина

пред 3 години

Денеска од 14 до 20 часот полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на Куманово, при што se санкционирани 63 возачи.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од полицијата и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.

Share
Scroll to Top