Каменуван патнички воз во Кумановско

пред 2 години

На делот од пругата помеѓу железничката станица Карпош и железничката станица Куманово, кај патниот премин кој води до селото Лопате, синоќа околу 21.30 часот бил каменуван патнички воз.

Како што информираат од МВР, неколку лица го каменувале возот кој сообраќал на релација Табановце – Скопје.

Притоа, биле направени оштетувања на возот, додека повредени патници и персонал нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share
Scroll to Top