Касами реизбран за претседател на Беса: „Уште посилно ќе се занимаваме со проблемите на граѓаните“

пред 3 години

Лидерот на Беса, Билал Касами, како единствен кандидат е резизбран за претседател на политичката партија по вториот партиски конгресшто се одржа денеска во Скопје.

Заменик претседател на Беса ќе биде досегашниот генерален секретар Аријанит Хоџа.

Во изјава за медиумите Касами рече дека во иднина партијата ќе продолжи уште посилно да се занимава со проблемите на граѓаните.

„Ќе се залагаме за еднаквост, слобода и за продолжување на патот кон целосна интеграција на Македонија во ЕУ. Особено по последните случувања во Украина, ќе треба да се залагаме за целосно зачленување во ЕУ, затоа што само така ќе бидеме побезбедни и ќе можеме да создадеме подобра иднина“, порача Касами.

Првиот човек на Беса истакна и дека партијата ќе се заложи за што поскоро одржување на предвремени избори. Оваа власт, како што рече Касами, не е подготвена да ги заштити интересите на граѓанитe.

Share
Scroll to Top