Катастарски службеник нелегално доделил земјиште на површина од 393 квадратни метри

пред 3 години

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 49-годишниот Т.А, за кој посотојат сомнежи дека како службеник во Агенција за катастар на недвижности (АКН) сторил кривично дело „несовесно работење во службата”.

Пријавениот, во текот на 2014 година, во врска со предмет оформен врз основа на пријава поднесена од страна на извесна М.Ц. од Скопје, која побаралa од Катастарот да се изврши усогласување на површината на имот во нејзина сопственост во Оризари, постапил несовесно при извршување на службената должност.

Имено, иако требало, тој не ја земал предвид потребната скица, како дел од службена документација за парцелата -предмет на усогласување, со што извршил погрешна идентификација, односно погрешно утврдување на мерите и границите на парцелата, при што изготвил службен наод со невистинити податоци.

На тој начин Т.А. овозможил на подносителката на пријавата, нелегално да се стекне со земјиште, со површина од 393 квадратни метри (во вредност од 1.965.000) и истовремено од друга страна, за истиот износ му нанел значителна штета на лицето М.Б. од Скопје, со што го сторил кривичното дело несовесно работење во службата.

Share
Scroll to Top