Кај скопјанец пронајдени метадон и ампули диазепам

пред 3 години

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело, nеовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори казниво по Кривичниот законик.

Осомничениот, на 25 март, во својот дом на улицата „Ордан Чопела“ во Гази Баба неовластено заради продажба држел 97 шишенца метадон со вкупен волумен од 970 мл, како и 980 фабрички ампули психотропна супстанција-инјекционен раствор на диазепам со вкупен волумен од 1.960 мл.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот 47-годишник.​​

Share
Scroll to Top