Ковачевски за Божик: Христовото раѓање симболизира нови почетоци кон подобра иднина

пред 2 години

По повод големиот христијански празник Божик, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, упати честитка до сите граѓани кои го слават, до православните христијани.

„Ви го честитам големиот празник, раѓањето Христово – Божик. Нека вашите домови бидат исполнети со радост, спокој и мир.

Христовото раѓање симболизира нови почетоци, нова надеж, победа на доброто врз најголемите искушенија, а во духот на човековите христијански вредности повикува на меѓусебно почитување, толеранција и помагање.

Да продолжиме да негуваме добри мисли, да си помагаме, да не води надежта за подобро заедничко утре, сплотени кон подобра иднина и просперитет на целото општество.

Христос се роди! Навистина се роди!“, стои во честитката на претседателот на СДСМ.

Share
Scroll to Top