Ковачевски од Охрид: Со антикризните мерки спасивме преку 60.000 работни места

пред 3 години

Во изминативе две години како Влада се посветивме на силна поддршка на стопанството со цел да му помогнеме во справувањето со кризата од пандемијата и да зачуваме што повеќе работни места. Една од компаниите кои добија помош преку антиркизните мерки и е вашата компанија, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на средба со менаџментот и сопствениците на компанијата Братство Инокс ДОО во Охрид.

Ковачевски потенцираше дека Братство Инокс ДОО е позитивен пример за успешна македонска компанија која е извозно ориентирана, која ги следи современите трендови и постојано се проширува.

Осврнувајќи се на актуелната економска ситуација и претојните предизвици, претседателот Ковачевски посочи дека Владата е подготвена да се справи со сите идни предизвици како што се енергетската криза и состојбата со пандемијата од КОВИД 19.

„ Како помош за стопанството во санирање на штетите од кризата, досега вложивме над 1,1 милијарда евра преку шест пакети економски мерки. На тој начин успеавме да спасиме повеќе од 60.000 илјади работни места, а економијата побрзо да се врати на стабилни основи. И последната анализа на ММФ, потврди дека антикризните мерки за поддршка на стопанството го амортизирале негативниот ефект на пандемијата. Затоа денес со право можеме да кажеме дека македонската еконимија се движи во добар правец“ – истакна претседателот Ковачевски.

Тој рече дека ефикасните мерки се потврдуваат и преку повеќе економски показатели и дека во третото тромесечје имаме раст на БДП од три отсто, извозот во периодот јануари – октомври е зголемен за 29 отсто, стапката на невработеност е 15,9 отсто со тенденција за дополнително намалување.

„ Сето ова е доказ за успешноста на економските политики, но и дополнителен мотив, да продолжиме да реализираме мерки и проекти кои ќе обезбедат забрзан економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани, особено во периодот пред нас во кој ќе се соочиме со предизвиците од енергетската криза и пандемијата на коронавирусот“ порача претседателот Ковачевски.

Share
Scroll to Top