Ковачевски – Секизќок: Македонија е важен партнер и фактор на стабилноста во регионот

пред 3 години

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, се сретна со Хасан Мехмет Секизќок, амбасадор на Република Турција во земјава.

На состанокот се потврдени традиционално добрите и пријателски односи помеѓу Северна Македонија и Турција и се разгледани можности за натамошен развој на соработката во областа на економијата. Констатирано е дека како партнери во НАТО, за двете држави се отворени дополнителни можности за унапредување на соработката во сите области.

Разговарано е за повеќе актуелни прашања, како што се предизвиците од војната во Украина и за начините на нивно надминување, посебно во делот на обезбедувањето храна и енергија. Воедно, заеднички е оценето дека дијалогот е единственото разумно решение за кое било отворено прашање.

На средбата е пренесено дека Турција гледа во Република Северна Македонија важен партнер на Балканот и дека евроатлантските интеграции на нашата држава значат придонес во стабилноста на целиот регион.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за континуираната и принципиелна поддршка од Турција во напредокот на нашата држава, нагласи дека Турција е меѓу значајните инвеститори во земјава и дека билатералните односи продолжуваат да се развиваат во ефикасен и пријателски дух.

Претседателот на Владата, Ковачевски, рече дека Владата на Република Северна Македонија презема конкретни чекори во поддршката на животниот стандард на луѓето и применува европски вредности во политиките, исклучиво во полза на граѓаните и на државата и на тој начин продолжува да работи.

Share
Scroll to Top