Ковачевски: Се прават анализи за маржите на цените – според тоа ќе се носат мерките

пред 3 години

Регулаторна се уште ги нема објавено новите цени на нафтените деривати. Според цените на струјата и гасот, познавачи на проблематиката велат дека порастот на цените ќе биде околу 10 проценти. Премиерот Димитар Ковачевски, тврди дека ниту тој не знае колку ќе поскапат бензинот и нафтата. Тој посочи дека се ќе биде според анализите. Не е познато како би се помогнало на граѓаните при ценовен шок.

„ Не знам за одлуките на Регулаторна. Во однос на мерките не сакам да коментирам, а важам и за таков човек кој не коментира пред да се донесе одлука. Се прават анализи за маржите на цените. Според тоа ќе бидат донесени мерките“, посочи Ковачевски.

Тој е дециден дека на бензиските пумпи има нафтени деривати.

„ Јас веќе кажав пред два дена мислам дека има голем дисбаланс во цените на светските берзи. Во Македонија има доволни количини нафта и нафтени деривати, како на бензиските пумпи така и во резервите. Тоа што се случува на бензинските пумпи е од шпекулативни причини“, додаде Ковачевски.

Share
Scroll to Top