Ковачевски – Фасино: Почетокот на преговорите со Северна Македонија е неопходен одговор за безбедноста на Европа

пред 3 години

Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на официјалната и работна посета на Италија и Ватикан денеска се сретна со претседателот на Комисијата за надворешни работи на Домот на пратениците на италијанскиот парламент, Пјеро Фасино.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што информираат од владината прес-служба, Ковачевски на средбата се заблагодарил за силната поддршка за европските перспективи на нашата земја која, како што рекол, била и формално изразена со резолуцијата на Парламентот Италија, во која италијанските народни претставници побарале ЕУ да го продолжи проширувањето со итно започнување на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, како приоритетно прашање со која ќе биде потврдена европската перспектива на Западен Балкан.

Ковачевски и Фасино воедно изразиле согласност дека прашањето на почеток на преговорите на Брисел со Северна Македонија е неопходен одговор на потребата за безбедноста на Европа.

Share
Scroll to Top