Премиерот Димитар Ковачевски, денеска се сретна со Александер Шаленберг, сојузен министер за Европа и надворешни работи на Австрија.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Како што информираат од владината прес-служба, на состанокот била изразена силна поддршка од Австрија за развојот на нашата држава и за исчекор во евроинтеграциите.
„Посветени сме кон практикување европски вредности, нашето законодавство е 45 проценти веќе усогласено со европските регулативи, посветени сме на принципиелен развој на добрососедски односи и оправдано оценуваме дека Северна Македонија заслужува исчекор во евроинтеграциите“, рекол премиерот Ковачевски.
Заеднички било констатирано дека секоја држава треба да цели кон својот развој, но и кон развојот на своите соседи, бидејќи на тој начин е возможен вистински напредок на регионот.
Ковачевски ја истакнал како историски моментум за нашата земја, одлуката на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, со која, како што рекол, нашата Црква, МПЦ-ОА, после седумдецениска изолација, е признаена како канонска црква.
На состанокот било разговарано и за повеќе актуелни прашања поврзани со последиците од војната во Украина, како што се снабдувањето со енергенси и храна.