Ковачки: Нови пораки од злосторничката група полицајци на Заев и Спасовски

пред 3 години

Злосторничката група на полицајци на Заев и Спасовски изрекувала измислени казни, принудни запирања, и правеле списоци за гласање за СДСМ, изјави Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кире Китаноски кој е човек на Оливер Лукарески, советникот на Оливер Спасовски, а на кој подреден му бил командирот на ОВР Прилеп на ден по изборите на 17 октомври до припадниците во групата, извршители на политички притисоци напишал: „една битка е изгубена, ама војната не е изгубена”, “ние како постари стоиме зад вас за се што треба и понатаму”, “централната власт е наша”. Воедно во истата група припадник на МВР повикува за отворање на штаб на СДСМ. Имаме отворено сомневање дека истата структура на злосторничко здружување на партизирани полицајци е пресликана и во Битола, Радовиш, и Охрид“, рече Ковачки.

Според него, од пораките станува сосема јасно дека се работи за свесно ставање на полицијата во партиски цели, и ветување за позиции во рамки на полицијата, што се гледа од делот каде вели дека нивните позиции остануваат и покрај смена на локалната власт.

Ковачки го повика Обвинителството да не чека, да ги викне Кире Китаноски, шофер на Оливер Лукароски, Дарко Цуцулоски, командир на ОВР Прилеп, Емилија Велковска началник на НККР, Трајан Комиција – Командир, Стефан – гранична, Давор Паскоски – БПС, Мелита – ПС, Невенче – администратор, Коста Талески – ПС во дежурна, Венко Илиески – БПС, Валентин Димоски – БПС, Жарко Цуцулоски – БПС, Андреј Дукоски – БПС, Стефан Кучкарот – БПС, Борче Црнески – БПС, Ванеса Колашинац – Заменик командир на ОВР Прилеп, Анастас Паризо – БПС , Игор Божиноски – БПС, Марјан Мачорот – БПС, да земе изјави од сите нив, да ги земе нивните телефони и да изврши вештачење на истите. Во спротивно, вели Ковачки, постои основано сомнение дека ваквата група може да продолжи со своите криминогени активности.

„Од досега објавеното гледаме дека оваа група била користена за разни активности против ВМРО-ДПМНЕ, против граѓаните, слободните избори и нормалното функционирање во изборен процес. Затоа Спасовски и Заев треба да кажат и дали зад нападот на новинарската екипа во Прилеп стои и е под закрилата на насилниците од злосторничката група полицијци на Заев и Спасовски? Вистината ќе излезе на виделина. Според наши сознанија, кои доаѓаат од терен, а се сведоштва на лица инволвирани во вакви активности, кои не сакаат повеќе да и служат на злосторничката група, вакви групи има и во Охрид, Битола и Радовиш. Јавно ги предупредуваме злосторничките групи од Охрид, Битола и Радовиш, да не се осмелуваат да шиканираат, малтретираат или тепаат граѓаните. Ве знаеме и сите до еден ќе одговарате за секоја нерегуларност и криминал“, додаде Ковачки.

Share
Scroll to Top