Пласирање на 16,9 милиони евра кон домашните компании преку РБСМ

пред 2 години

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, денес ја повлече првата транша во износ од 16,9 милиони евра за мали и средни компании од заемот од Европската инвестициска банка. Со оваа транша, се обезбедува поддршка на 50 проекти на домашни мали и средни компании и средно-пазарнокапитализирани компании кои ќе вработат нови 90 лица.

Од траншата, најголем дел на средствата се наменети за компании во сегментот на трговијата и производството (12,8 милиони евра). Компаниите ги користат средствата од кредитната линија преку матичните комерцијални банки, за заеми за тековни средства со каматна стапка до 1,6%.

Со заемот на РБСМ од ЕИБ, кој се склучи во 2021 година, се обезбедија 100 милиони евра по поволни услови, како директна поддршка на малите и средни компании и средно пазарнокапитализирани компании. Преку заемот, се поддржуваат домашни компании од трудоинтензивните дејности како производство, туризам и услуги, за брзо закрепнување од КОВИД-19 кризата.

Заемот од ЕИБ ќе им помогне на компаниите да обезбедат континуитет на деловните процеси и задржување на работните места, а истовремено да ја зголемат својата продуктивност и да ги прошират деловните активности.

Share
Scroll to Top