Ковачки: Спасовски и СДСМ вршат партизација на МВР

пред 2 години

Социјалдемократскиот сојуз и Оливер Спасовски, бесрамно, без никаква претходна квалификација, голем дел од поранешните градоначалници ги вработи во МВР, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Спасовски директно врши партизација на полицијата, што ќе допринесе уште повеќе министерството за внатрешни работи наместо да биде гарант за законите и безбедноста на граѓаните, да биде извор на криминалот и корупцијата. По губењето на изборите во министерството за внатрешни работи поранешните градоначалници Борис Георгиевски од Гази Баба, Сашо Јанковски од Вевчани, Благој Илиев од Конче, Горан Крстев – Грга од Чешиново Облешево, сите градоначалници од СДСМ кои што ја загубија трката за втор мандат беа вработени. Исто така Драги Тренчовски од Пехчево и Аднан Џаферовски, поразени кандидати од СДСМ за градоначалници, се дел од оние со коишто се врши брутална партизација на полицијата“, вели Ковачки.

Според него, тие по изборите експресно биле вработени во полиција на позиции од виш полициски советник за стратешко планирање како што бил случајот со Џаферовски.

„Дополнително се поставува прашањето кога и како овие лица го имаат поминато законски предвидениот тест за интегритет. Ако на оваа листа ги додадеме Сунчица Алексовска во БЈБ, Емилија Александрова, началник на АНБ во Берово, Дафина Гешковска Виш инспектор во АНБ, Прилеп, како и Славјанка Петровска и Славица Грковска, сега министерки, а до вчера директно вработени во МВР, јасно е дека МВР и полицијата служи за вдомување на партиски членови без соодветни квалификации на високи позиции. Со ова се кршат сите правила, закони и меѓународни препораки. Ова е спротивно на препораките на ГРЕКО со кои директно се дадоа насоки за МВР и полицијата да се департизира“, вели Ковачки.

„Ако на ова се додадат и промените со кои на министерот му се дозволува да унапредува по три места одеднаш станува јасно дека во МВР се поттикнува корупција и е класичен пример за партизација на институциите. Ова ли е теркот и за пополна на МВР со огласот за 600 нови вработувања?“, прашува Ковачки.

МВР, како што додаде, мора да биде гарант на сигурноста на граѓаните, а не да биде партиска испостава на СДСМ.

Share
Scroll to Top