Колева: Ја зголемуваме субвенцијата за Зелена нафта од 100%, нова поддршка за земјоделците

пред 2 години

На денешната собраниска седница на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за земјоделство и рурален развој. Со овие измени и дополнувања на дело ја потврдуваме грижата за земјоделците и земјоделското производство, изјави на денешната прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Измените на законот предвидуваат процентот на субвенционирањето на нафтата за земјоделска механизација, таканаречената зелена нафта, да се зголеми двојно, односно од 50 на 100 отсто.

Тоа значи целосно покривање на трошоците за нафта за речиси 50.000 земјоделци кои и претходно ја користеа оваа мерка.

Колева истакна дека во време на светска енергетска криза, кога цените на горивата на светските берзи растат, ова е важна мерка за зголемување на домашното земјоделско производство

Таа ги повика сите пратеници да дадат поддршка и да гласаат за овие измени на Законот.

СДСМ во изминативе години покажа на дело што значи вистинска грижа за земјоделците, имаме рекордна исплата на субвенции, кои денес се исплаќаат неселективно и навремено кон сите кои ги исполнуваат условите.

Како парламентарно мнозинство остануваме посветени на мерки и политики кои се во интерес на земјоделците и обезбедуваат услови за силно и конкурентно домашно земјоделство, изјави Колева.

Share
Scroll to Top