Косовски државјанин фатен при кражба од банкомат во Куманово

пред 4 години

Полицијата утрово уапси косовски државјанин кој сакал да ограби банкомат на една банка во Куманово.

Според информациите на МВР, денеска во 04.15 часот во Куманово, полициски службеници го уапсиле косовскиот државјанин А.М.(41), затоа што бил фатен при обид за извршување на тешка кражба од банкомат на една банка на ул.„11 Октомври“.

Во непосредна близина на местото бил пронајден автомобил „фолксваген голф“, со косовски национални ознаки. Во врска со случајот, а по телеграма од СВР Куманово, на Граничен премин „Јажинце“ бил задржан и Б.Х.(39) од Косово и ќе биде спроведен во СВР Куманово. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top