Сарафов: Резултатите од ДНК анализата ќе бидат готови за неколку дена

пред 2 години

Процесот на идентификација на жртвите во несреќата што се случи во Бугарија е започнат, а списокот со патници од автобусот е испратен во Македонија, изјави заменик главниот обвинител на Бугарија, Борислав Сарафов. Тој рече дека резултатите од ДНК анализата се очекува да бидат готови за неколку дена.

Сарафов нагласи дека заедно со македонските колеги го прецизирале начнот на кој ќе се работи истрагата за несреќата. На местото на несреќата, Сарафов и портпаролката на јавниот обвинител Шијка Милева разговарале со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и со шефицата на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Утврдено е дека имало експлозија во автобусот, но засега не се јасни причините за истата.

„ Одржавме заеднички работен состанок за разјаснување на сите линии на меѓународната правна соработка – добивање на сите потребни документи од македонска страна и добивање биолошки материјал за идентификација на жртвите“, рече Сарафов.

„ Уверени сме дека се прават максимални напори и потребната соработка. Сите потребни документи обвинителството ќе ги испрати до РСМ“ рече Сарафов.

„Сакам да изразам сочувство до роднините на жртвите и да им се заблагодарам на колегите од бугарското обвинителство за заедничката работа“, изјави главниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески.

Оштетените однесени во „Пирогов“ се на распит, само двајца од нив се во соодветна состојба и можат да дадат исказ. На местото на настанот се сослушуваат и сведоци, додаде Сарафов.

Share
Scroll to Top