Маж осомничен дека предизвикал пожар во поранешна фабрика во Гостивар

пред 2 години

Српски државјанин со живеалиште во Гостивар е приведен поради сомнеж дека предизвикал пожар во поранешна фабрика во Гостивар.

„На 26 март во 13.20 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Н.Ф.(52) од Република Србија, со живеалиште во Гостивар. Тој се сомничи дека предизвикал пожар во напуштен објект на поранешна фабрика во Гостивар, сопственост на правно лице од Гостивар“, информираат од МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар.

Увид бил извршен и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top