Костадиновска: Со ребалансот обезбедена е поддршка за здравствените работници и економијата

пред 3 години

Ребалансот на Буџетот за 2020 обезбедува силна поддршка за справување со здравствените но и економски последици од коронавирусот, истакна на прес-конференцока, пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска.

Со ребалансот, вели таа, се обезбедуваат средства во висина од  54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од корона вирусот. Овие средства се дел од вкупно 243 милиони денари што Владата ги издвои за здравството и ќе бидат распределени за набавка на лекот Ремдесивир, како и за набавка на вакцини и тестови за ковид 19.

Костадиновска образложи дека со измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 се обезбедува и поддршка за справување со економските последици преку реализација на четвртиот пакет антикризни мерки.

Тоа значи дека 70 милиони евра ќе се наменат за субвенционирање на плати за 83.000 вработени за месеците октомври, ноември и декември. 27,6 милиони евра ќе се обезбедат за домашни платежни картички од по 6.000 денари кои ќе завршат кај 283.000 граѓани.

Костадиновска апелира до сите пратеници да покажат одговорност и заедно да ги донесат измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година.

Share
Scroll to Top