Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ шири хистерија и лаже дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет се загрозени

пред 3 години

ВМРО-ДПМНЕ и во Собранието и надвор од него не прави ништо во интерес на граѓаните, напротив, само лаже и се однесува деструктивно, порача пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието.

„Вашето однесување често потсетува на режим, на едно време кога овде во оваа сала се тепаа пратеници, само затоа што имале различно мислење од вашиот лидер, порача Костадинов, обраќајќи се кон пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека токму ВМРО-ДПМНЕ со неодговорното однесување го загрозува јавното здравје.

Костадинов посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не направило ништо позитивно за државата, а за време на кризата со коронавирусот постојано ги игнорира мерките и тера дневна политика со здравјето на граѓаните.

Во обраќањето Костадинов посочи дека навикната на времето на режимот, ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се обидува да ја спречи слободата на говор за да не се види на дело нивното лицемерие кон граѓаните.

„Партијата ВМРО-ДПМНЕ 11 години се обидуваше на македонскиот народ да му инсталира различен идентитет од тоа што, да инсталира антички идентитет и со та направи сериозни проблеми. Партијата којашто го смени името на улицата „Бихаќка“ каде што во ноември 1942 година е одржано првото заседание на АВНОЈ, со што е потврдена сувереноста на македонскиот народ, сега глуми патриотизам. Партијаата која се обиде да го забрани празнувањето на Февруаскиот поход сега таму глумат најголеми партизани. ВМРО-ДПМНЕ поставуваше споменици во вредност од една милијарда евра и немаше храброст да ги именува со нивните вистински имиња, денес глуми патриотизам. ВМРО-ДПМНЕ денеска шири загриженост и шири хистерија дека е нарушен македонскиот идентитет, дека е загрозен македонскиот јазик. ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо друго освен што лаже, порача Костадинов.

Share
Scroll to Top