Крадела накит од семејства каде што работела па го продавала- кривична пријава за 55-годишна жена

пред 2 години

Кривична пријава за 55-годишна жена од тетовско, која се сомничи дека извршила две кражби на златен накит од семејства каде била работно ангажирана, соопшти полицијата.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Жената го украла накитот и потоа го продала за сума од 760 евра.

„Секторот за внатрешни работи Тетово расчисти две кражби на златен накит извршени во април годинава во Тетово и тетовско Желино и поради основи на сомнение дека ги извршила кривичните дела до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 55-годишната Х.А. од тетовска Палатица“, информира МВР.

Х.А. се сомничи дека во куќа во Желино и стан во Тетово, каде била работно ангажирана, од нивните сопственици противправно одзела златен накит, кој го продала во златарница во Тетово за сума од 760 евра. Накитот е пронајден и вратен им е на сопствениците.

Share
Scroll to Top