Кривичен суд: Недолично и недозволено однесување на дел од бранителите во „Монструм“

пред 3 години

Кривичниот суд информира дека на денешната главна расправа за предметот „Монструм“ судот се соочил со недолично и недозволено однесување на дел од бранителите во постапката кое, како што се наведува во соопштението, единствено оди на штета на обвинетите и оштетените во предметот.

„Имено откако до судот беше доставено решение со кое е утврдено дека бранителот Асмир Алиспахиќ е позитивен на вирусот Ковид – 19, а на сите расправи насоречни во претходните 40 дена беше отсутен од други причини, судот му предложи на адвокатот Насер Рауфи, кој нема спротиставена одбрана со дргите бранители да го замени отсутниот колега – адвокат. Но истото беше одбиено. Дополнително беше предложено, доколку расправата се одложи, на следната расправа судењето формално да почне од почеток, заради проток од 60 дена, само со читање на досега изведените докази, но и тој предлог наиде на несогласување и адвокатите без дозвола од судот и било какво оправдување, ја напуштија судницата“, велат од судот.

Заради целисходност на постапката, доследно почтиување на начелото за судење во разумен рок, заштита на правата на оштетните и на обвинетите на кои им е определна мерка притвор и други мерки за обезбедување присуство, но пред се заради сензибилноста и комплексноста на предметот и барање на правда, се наведува во соопштението, судот донесе решенија со кои на сите обвинети, за денешната расправа им се опредлуваат бранители по службена должност, со цел судењето да продолжи без непотребни одолговлекувања.

Судењето продолжи само со читање на еден материјален доказ – известување за изработен вешт наод и мислење, а расправата ќе продолжи на 24 декември.

„Во услови на пандемија судот ги прави сите напори за континуитет на конкретниот судски процес и редовно и транспаретно известување на јавноста, а за денешното однесување на адвокатите судот донесе решенија со кое ги казнува согласно член 75 ст.1 ЗКП и за истото ќе ја извести и Адвокатската комора на РСМ“, се наведува во соопштението.

Share
Scroll to Top