Кривична за измамник кој од двајца кичевци зел 14.700 евра

пред 3 години

Полицијата поднесе кривична пријава против 42-годишен охриѓанец со иницијали М.Р. поради сомнение за сторено кривично дело измама.

Како што информираат од МВР, тој во периодот од март до мај годинава, довел во заблуда двајца кичевци, ветувајќи им дека од странство по поволни услови може да им набави работни машини и комби.

За таа цел, оштетените во неколку наврати, на пријавениот му исплатиле 14.700 евра, но услугата не била извршена.

Share
Scroll to Top