Кочанската полиција поднесе кривична пријава против 37-годишниот Ф.Џ. од Кочани, поради сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.
Како што информираат од МВР, на 17 октомври годинава пријавениот, во дворното место на својот дом и надвор од него, организирал прослава по повод свршувачка, на која поканил и присуствувале поголем број лица.