Кривична пријава за полицаец од Битола за лихварство

пред 3 години

Полицаец од Битола доби кривична пријава за лихварство. Според информациите од МВР, полицискиот службеник З.Б.(31) давал пари на заем со камата од 10 проценти.

„ Пријавениот, во текот на 2020 и 2021 година, искористувајќи ја тешката имотна состојба на оштетените, а со цел за себе да прибави поголема имотна корист, склучил фиктивни договори за заем на парични средства, со несразмерна камата од околу 10%, кои се заверени на нотар и се изготвени солемнизации со својство на извршна исправа, со што се стекнал со вкупна материјална корист од околу 397.700 денари само на име камати“ соопшти МВР.

Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле одземени неколку договори за заем и договори за купопродажба на моторни возила, склучени со четири оштетени лица.

Share
Scroll to Top