Полицијата поднесе кривична пријава против едно лице од Скопје и фирма од Струга за бесправна изградба на хотелски комплекс.
Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против К.Б.(57) од Скопје и против правно лице од Струга, поради постоење основано сомнение за сторенo кривично дело „бесправно градење“.
Во период од март до јуни 2019, К.Б. како одговорно лице и управител на правното лице, на локација во Струга, без соодветно одобрение, започнал градба на дел од хотелски комплекс.
Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение за отстранување на изградениот хотелскиот комплекс.