Шест лица биле фатени на граничниот премин Табановце со лажни негативни ПЦР тестови.
Тие во периодот од 08.10.2021 до 24.12.2021 на Табановце приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови.
Се работи за М.Х.(46), Џ.И.(59), А.Д.(28), М.Д.(56), А.В.(29), О.Ј.(37), против кои е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „фалсификување исправа“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.