Кризниот штаб во Битола побара построги мерки за групирање на граѓаните

пред 3 години

Дел од општинскиот кризен штаб, денес преку електронски пат, одржа седница со цел да се увиди моменталната состојба со Ковид-19 на територијата на Општина Битола, пришто беа побарани построги мерки во однос на групирањето на граѓаните.

Директорките на здравствените установи потенцираа дека бројот на лица позитивни на вирусот постојано расте, а се шири и меѓу здравствените работници. Медицинскиот персонал е веќе на работ на можностите, а и меѓу нив се зголемува бројот на лица кои се во изолација и не можат да дадат придонес на работните места.

Се дискутираше и за можноста да се дадат одредени насоки за поголема поддршка и побрза реакција во периодот кој што следува.

Општинскиот кризен штаб како заклучок наведе дека ќе испрати барање до Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, да се даде препорака до Владата за воведување построги рестриктивни мерки во работењето на субјектите, во кои што има поголема фреквенција на движење и престој на граѓани.

Share
Scroll to Top