На прес-конференција, портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска изјави дека случувањата во Унгарија, поврзани со перење пари, контрола на медиуми и корупција, имаат директна паралела со состојбите во Македонија.
Според Кузеска, процесот на разоткривање на, како што рече, „Орбановата мрежа“ веќе започнал, посочувајќи го Петер Маѓар како клучен актер во тие случувања. Таа нагласи дека Маѓар отворено започнал борба против системот кој, според неа, со години ја оштетувал Унгарија.
Кузеска посочи дека Маѓар објавил информации за масовно изнесување на капитал во странство, продажба на медиуми под пазарна вредност и можни обиди за повлекување на блиски соработници на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во однос на Македонија, таа рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и партијата се, како што тврди СДСМ, блиски партнери на Орбан, додавајќи дека постојат влијанија во медиумите, економијата и инфраструктурните проекти.
Меѓу посочените примери е и компанијата 4iG, за која Кузеска рече дека има улога во телекомуникацискиот сектор во земјава, како и наводни поврзаности во енергетиката и транспортот.
Кузеска додаде дека станува збор за поширока регионална мрежа во која, покрај Орбан, го вклучи и српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста“, истакна Кузеска на прес-конференцијата.
Текстот Кузеска: Сè што Маѓар сега го разоткрива во Унгарија директно се пресликува и во Македонија е превземен од МАКФАКС.
Би можело да ве интересира
Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и излез од државата
Меџити: Европската интеграција останува апсолутен приоритет на коалицијата
ЛДП останува во Владата и дава поддршка на идниот мандатар
Ласовска: Штетниот закон за учебници е повлечен, на ред е оставка на Мила Царовска
Седум македонски стартапи успешно ја завршија регионалната акцелераторска програма на Сеавус Акцелераторорт
Облачно и постудено со температура до 12 степени