Лавини во близина на Бигорскиот манастир, едно лице е повредено

пред 3 години

Вечерва во близина на бензиската пумпа кај Бигорскиот манастир паднати се три лавини. За ова информираше градоначалникот на Маврово и Ростуше, Медат Куртовски.

Една од лавините зафатила едно возило од кое еден од патниците е со лесна повреда на ногата.

Градоначалникот вели дека екипи на Македонија пат, општина Маврово и Ростуше и Бигорскиот манастир се на терен со свои машини и работат на расчистување на лавините.

Вечерва во близина на бензиската пумпа кај Бигорскиот манастир паднати се три лавини.
Една од лавините зафатила едно…

Posted by Medat Kurtovski on Sunday, March 21, 2021

Share
Scroll to Top