Левицата: Додека автократски воведува дигитализација, Царовска не умее ниту свидетелства да испорача

пред 3 години

Деновиве, додека министерката Царовска е на турнеја низ државава во посета на празни училишта и наместени трибини, по којзнае кој пат на виделина излегува нејзината неспособност да се справи со менаџирањето, дури на основните обврски во ресорното министерство, реагираат од Левица.

„Веќе е јасно дека свидетелства нема и ќе нема во догледно време. Изгледа битката за тендер се бие преку грбот на учениците! Во меѓувреме, Бирото за образование ги известило училиштата дека свидетелствата за учениците во основните и средните училишта ќе бидат готови до 31 август годинава, при што не се знае точно на кој датум. До денес нема ниту главни книги и дипломи за учениците од завршните класови“, стои во писменото соопштение од оваа партија.

Според нивните оценки првата наставна година на министерувањето на Царовска почна со како што велат, неоправдано скратување на наставата за еден месец поради платформа која не профункционира. „Продолжи со скандалозната инстант Концепција за реформи и Законот за учебници, кои граѓаните ќе ги исплатат во форма на
кредит од над дваесет милиони евра, а завршува со протести на родители, необезбедување неопходна документација, непочитување на правата на вработените во училиштата и создавање атмосфера на нарушени меѓучовечки односи“, потенцираат од Левицата.

Според нив, од перспектива на фактот како што самите напоменуваат, дека министерката не е во состојба да изменаџира навремена испорака на свидетелства и функционален календар за работа на училиштата, најавата за дигитализација потсетува, како што велат, на уште еден пропаднат проект на министерката, повторно на товар на учениците и нивната наобразба, додаваат од Левицата.

Share
Scroll to Top