„Левица“: Без пожарникари не можеме, без Шилегов сигурно можеме

пред 4 години

Самоволието и арогантниот однос од страна на функционерите на СДС од ден во ден стануваaт се почести. Наместо да се решаваат проблемите со коишто се соочуваат работниците, тие се соочуваат со неспособноста на градоначалникот на Град Скопје – Петре Шилегов, којшто пак соочен со притисокот од сериозноста на ситуацијата, полека но сигурно го губи допирот со реалноста, обвини „Левица“.

„ Последниот испад на Шилегов се однесува на реалните и очекувани барања на противпожарната бригада од Автокоманда, коишто единствено го бараат она што им следува согласно ризичноста на работното место – надомест за ризик на работно место!

Наместо да наидат на разбирање кај „таткото“ на Град Скопје, работниците беа пречекани со крајно несериозен и игнорантски однос. Имено, Шилегов не понуди никакво решение, туку напротив, тој ги нападна и уцени работниците. Шилегов очигледно заборави на ветувањата на премиерот Заев од минатата година на средбата со претставниците на Независниот синдикат, кадешто соопшти дека се обезбедени финансиски средства за плати на сите пожарникари согласно закон и дека има зголемување на средствата за 70 милиони денари за 2020 година.

Доколку градоначалникот тврди дека одговорноста е во централната власт, која трансферира блок – дотации, тогаш нека праша во својата партија, зошто има средства за платите на советниците на Заев, кои се двојно поголеми од платите на пожарникарите! Додека коалициониот партнер ДУИ и новиот министер за финансии, Фатмир Бесими тврдат дека нема ингиренции кои можат да спречат да се исплаќа плата на вработените во администрацијата, кои патем не одат на работа и дека ова нема фискални импликации, од друга страна пожарникарите не можат да си ги добијат ниту платите за коишто работеле и им следат по закон.

Ние како политичка партија, којашто се залага за правата и интересите на работничката класа, најостро го осудуваме однесувањето на градоначалникот Шилегов и бараме од него, конечно да започне да ги решава проблемите со коишто се соочуваат овие работници, како и проблемите општо во градот, во спротивно, нека си признае дека е неспособен и нека си даде оставка.

Воедно упатуваме целосна поддршка за противпожарната бригада од Автокоманда и им порачуваме дека им стоиме на располагање со нашите капацитети во процесот на решавање на нивниот проблем“ велат од партијата.

Share
Scroll to Top