Левица: По чија мерка се прекројува образованието?

пред 4 години

Неприфатливо е политичари да дискутираат за содржини во учебници и да најавуваат промени и цензура, реагираат преку соопштение од политичката партија Левица.

Осврнувајќи се на реформите во образованието од оваа партија велат дека основна особеност на образованието и науката е објективноста.

„Содржините во учебниците треба да бидат јасни, илустративни, соодветни на возраста и степенот на образование, засновани на потврдени и прифатени научни факти, а не дали тие се прифатливи или неприфатливи за дневно политичките манипулации и трибалистичкиот популизам на одредени политички групации. Тоа што е неприфатливо е дневната политика и тесните партиски интереси да ги кројат наставните програми и учебниците, според кои ќе се образуваат децата и младите во Македонија“, велат од Левица.

„Да не заборавиме дека Арбр Адеми, довчерашниот министер за образование, денешен преговарач за квалитетот на учебниците, се има стекнато со научно звање надвор од законски дадената рамка на криминален начин, што ни малку не го препорачува за лице соодветно за преговори, освен ако и измените не подразбираат некое незаконско дејство“ стои во соопштението од таму.

Додаваат, дека Левица во својата изборна програма и низ своето дејствување се залага за образование и учебници по мерка на личноста, бесплатно, јавно и достапно за сите, затоа што само такво образование според нив може да креира личности кои ќе успеат да создадат пристојно општество за живот.

Share
Scroll to Top