Обвинение за татко и син од Кавадарци за одгледување марихуана

пред 3 години

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против таткото и синот, на возраст од 56 и 33 години, осомничени за огледување марихуана во викенд куќа во Јаворица.

„Во планински предел кај место викано Јаворица во близина на викенд куќа во сопственост на осомничените, на 28 септември овластени службени лица пронајдоа 65 стебла од растението Канабис Сатива со чија обработка се добива марихуана. Осомничените, татко и син, неовластено заради продажба го произведувале растението, за што обезбедиле и опрема за наводнување и обработка на насадите“, соопшти обвинителството.

При претресот, пронајдено е и оружје кое еден од осомничените неовластено го држел и тоа патрони за ловечка пушка, куршуми и затворач за пушка М-48 и ловечка пушка марка Црвена Застава Крагуевка.

Заедно со обвинението, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за продолжување на определената мерка притвор за двајцата осомничени.​​

Share
Scroll to Top