Ловен карабин и муниција пронајдени при претрес во Охридско

пред 2 години

Во охриското село Ливоишта, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција вчера го лишиле од слобода селанецот Х.Д. (29) поради сомнение дека сторил кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје.

Како што информираат од МВР, кај него биле пронајдени и одземени еден ловен карабин „заводи црвена застава“ калибар 8×57 милиметри и 56 куршуми различен калибар.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Share
Scroll to Top