Лукаревска: 181 работодавачи не исплатиле плати на 753 работници за месеците февруари и март

пред 3 години

Вкупно 181 работодавачи не исплатиле плати на своите вработени истакна на прес конференција директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Од нив, 157 не исплатиле плата за еден месец, а 24 за двата месеца. Според Лукаревска, не се исплатени 753 месечни плати, а одобрената, но неисплатена финансиска помош се проценува на вкупно 12.071.908 денари или 2.738.715 денари за февруари и 9.333.193 денари за март.

Најголем дел од работодавачите кои не исплатиле плата се од Скопје, 71, потоа од Тетово 53 и 27 се од Битола, истакна Лукаревска.

Таа потенцира дека на работодавачите кои не дале плати, а земале финансиска помош веќе им се доставени опомени, а по истекот на рокот за опомена почнува постапката за присилна наплата на долгот.

Лукаревска кажа и дека продожуваат контролите кај работовачите кои го изиграле законот.

Присилна наплата, рече Лукаревска е спроведена кај работодавачите кои не исплатиле плати за периодите април, мај и јуни, како и октовмри, ноември и декември.

Според неа доставени се опомени, а по истекувањето на рокот, следува присилна наплата како и глоба од минимум 500 до 10.000 евра во зависност од големината на правното лице, рече Лукаревска.

За претходниот циклус – октомври, ноември, декември дури 5 работодавачи ги немаат исплатено платите за сите три месеци. Севкупно, тука има 365 неисплатени вработени, за сума од 5 милиони денари, нагласи Лукаревска.

Таа најави дека до Генералниот секретаријат ќе биде испратена нова листа за јавна објава и известување и за понатамошни дејствија до ОЈО.

Највисокиот износ на финансиска поддршка е 21.776 денари месечно по работник.

Таа информираше дека од 3.853 даночни обврзници, на 2.286 даночни обврзници им се генерирани решенија за враќање на финансиска помош, додека 1.558 не треба да ја вратат финансиската помош.

Share
Scroll to Top