Маж пронајден починат во канал во скопско Мралино

пред 3 години

Триесет и четиригодишен маж од скопското село Мралино бил пронајден починат без траги на насилство, велат од полицијата.

„На 01.02.2022 во 07.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во канал во селото Мралино, скопско, бил пронајден починат З.Т.(34) од с.Мралино, скопско. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јвен обвинител телото било дадено на обдукција во Институтот за судска медицина“, соопшти МВР во дневниот билтен.

Share
Scroll to Top