Мала Речица ни ја крои судбината, рече Мицкоски и повика на општествено обединување

пред 3 години

На Гоце Делчев сигурно не би му било лесно да види што се случува денес со Македонија. Но, ние мораме да имаме поинаков и поиновативен пристап на сегашноста, кон минатото и да гледаме кон иднината, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот историски час во по повод 119 години од смртта на Гоце Делчев во организација на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Мицкоски праша и дали доволно е направено во изминатите 30 години и дали успеавме како држава.

„Се поставува прашањето дали доволно го имавме Делчев изминативе 30 години во себе, и дали доволно сонувавме како него за да направиме таква Македонија која ќе биде во најуспешните и најубави држави во Европа. Студентите велат што подалеку одовде. И прашање е дали успеавме како држава, но да сме доблесни да знаеме каде грешевме, за да знаеме каде одиме. Тоа треба да го исправиме. И треба многу да сме внимателни и внимателно да ги правиме потезите. Отсега па натаму немаме право на грешка. Процесите ќе зависат исклучиво од нас, од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што СДСМ кај нив никој веќе не гледа иднина“, изјави Мицкоски.

Посочи дека граѓаните гледаат надеж во ВМРО-ДПМНЕ дека нешто може да се смени, бидејќи, како што рече, денеска некои се навикнати Речица да  ја води Македонија за да може да врват тендерите во 4 очи.

„Денес за да донесе некој одлука оди по изим во Мала Речица па прави политички потези. За тоа да не се случува потребно е ние како ВМРО-ДПМНЕ да излеземе пред граѓаните кои не го сакаат тоа, да понудиме нешто што ќе биде поразлично, да добиеме 61 во Парламент и да докажеме дека можела Македонија поинаку. Од Мала Речица 20 години чекаат да ја уништат Македонија, од внатре во институциите го користат нашето неединство. Но ако сме сите како едно тоа нема да се случи“, посочи Мицкоски.

Тој потенцира дека сме мал народ, не можеме да ги менуваме светските текови, но сме мудар надор и мораме тоа да го искористиме како предност.

„Ако ние нашата мудрост како предност ја искористиме тогаш ќе има многу големи соништа и многу Делчеви со големи соништа во нас. Ние денеска се делиме за жал, и се додека постои поделбата во Македонија тогаш, некој друг ќе ни ја крои судбината во случајот Мала Речица. Затоа ни е потребно општествено обединување, народот да застане позади политиките на ВМРО-ДПМНЕ, треба да го направиме Делчев горд и да им оставиме на нашите деца да не ги полнат рестораните по Европа туку да останат тука и да го работат тоа што го учеле. Да оставиме нешто тука во сопствената држава и за сопствениот народ. Да си ја сочуваме државата“, изјави Мицкоски.

Мицкоски додаде дека не смееме повеќе да грешиме и да им дозволиме на овие политички измамници да го контаминираат народниот непокор.

„За една недела од денеска чекаме нашиот политички противник да се предомисли и да ја прифати подадената рака да седне на маса и да разговара најпрвин за македонско национално единство, а потоа на општо граѓанско единство против оние во Мала речица, без разлика дали сте Македонци, Албанци, Срби Турци, Власи, Роми, Египќани и сите останати мора да се обединиме против тие луѓе кои 20 години формираат длабока држава до институциите. Затоа мора да си ја ослободиме Македонија ако сакаме да оди напред. Ќе одиме до крај ниту јас имам намера да се повлекувам, ниту ВМРО-ДПМНЕ ќе се повлече. Одиме до крај“, истакна Мицкоски.

 

Share
Scroll to Top