Малолетник повреден на пешачки премин во Радовиш

пред 3 години

Тешко повреден малолетен пешак откако во него удрил автомобил „бмв“ на ул.„Плачковица“ во Радовиш.

Несреќата се случила вчера околу 12.30 часот, а возилото го управувал 38-годишен жител на Радовиш.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Штип, а увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Радовиш.

Share
Scroll to Top